Премиер Центар - Premier centar

Vote 4.4 (promedio de 268 opiniones)

Бидете дел од она што го создадовме за Вас...

Премиер Центар - Premier centar


Битола е град кој нема да ве остави рамнодушен. Душата на градот пулсира
• од позната улица Широк сокак (со нов и соврмен изглед носејќи ја душата на сокакот од дамнина),
• од Саат Кулата,
• од старата градска архитектура,
• од гостопримливоста на луѓето.
Ресторанот во хотелот е со капацитет од 60 лица. Кафетеријата со капацитет од 30 лица и модерна пивница налик на светските пивници со капацитет од 80 лица.
Во сите три дела од објектот се служат разни топли и ладни предјадења, јадења и останати специјалитети.
Влијанието на различните култури од минатото на овие простори оставило значаен белег и врз традиционалната кујна. Мешавината на зачини, намирници и вкусови како сплет кај локалните специјалитети, богатството на ориенталните вкусови, вкусовите на медитеранот или интернационалната кујна ја прават кујната на Премиер Центар да биде едноставно чувство на задоволство и уживање.
Потполното задоволство не може да биде комплетно ако не е надополнето со квалитетен избор на домашни вина од селектирани винарски визби како и неколку видови на тоцено пиво. Сето тоа надополнето со прикладни цени достапни за поголемиот број на гости од сите возрасти.
Ентериерскиот елегантен и топол израз преку хармонијата на боите и формите и високопрофесионалната топла услуга на персоналот го прават секој поминат момент во објектот автентичен и посакуван да се повтори.

    Pizza Place, Hotel

   +38947202070

      STIV NAUMOV Nr 12, Bitola, Macedonia

  Estacionamiento interno, Estacionamiento en la calle

Deje su comentario


Otro en el área



"Encuentra tu restaurante con un clic"