Комплекс Македонско село / Macedonian Village Resort

Vote 4.6 (promedio de 273 opiniones)

Патување низ сокаците на македонската приказна.

Комплекс Македонско село / Macedonian Village Resort


Проектот Македонско село е туристичка атракција кој опфаќа 12 автентични куќи во архитектонки стил карактеристичен за различни региони во земјава, лоцирано во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“.
Секоја куќа е изградена со камен карактеристичен од тој крај, а имаат и различен чардак. Десет од куќите имаат два ката, додека Струшката, Галичката и Реканската куќа се изградени на три нивоа. Првиот кат од куќите е своевиден музеј во кој се прикажани грнчарница, ковачница, ткајачница, карактеристични за крајот од кој потекнува изгледот на куќата. На горниот кат од куќите има соби во кои може да се преноќи. Во комплексот е изграден и музеј во кој се изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.
Освен куќи, за поавтентично доловување на околината, во комплексот се изградени и чешмата сред селото, трло, бачило и меана каде што посетителите ќе можат да ги дегустираат традиционалните македонски специјалитети.

    Hotel Resort, Diner, Museum

   072220600

      с.Горно Нерези, Skopje, Macedonia

  Estacionamiento interno

Deje su comentario


Otro en el área



"Encuentra tu restaurante con un clic"