VIVA

Rating 4.7 (average of 231 opinions)

Природно си е природно - Вива сокови http://viva.com.mk https://www.instagram.com/vivasokovi/

VIVA


Производите ВИВА нудат виталност и додатен квалитет во животот. Доколку не сте во можност да ги вкусите плодовите директно од природата, ние се грижиме за Вас и Вашето здравје - со соковите ВИВА природата ја носиме кај Вас.

Суровините и репроматеријалите за нашите сокови се од најреномирани светски и европски производители на природни овошни концентрирани сокови и каши, како и трговски фирми кои се занимаваат со промет на истите.

Концентрираните овошни сокови и кашите за нашите производи се исклучително со потекло од Бразил, Аргентина, Јужноафричката Унија, Тајланд, Индија, Еквадор, Нов Зеланд, Перу, Колумбија, Македонија, Грција...
Императив во нашите набавки на суровини претставува високиот, егализиран и континуиран квалитет којшто е основен предуслов за квалитетен готов производ.

Асортиманот на Вивакс опфаќа кашести овошни сокови, 100% овошни сокови, нектари и овошни пијалаци.
Сите производи на ВИВАКС се 100% природни, без додаток на адитиви, бои и ароми. Производите на ВИВАКС изобилуваат со витамини и минерали; тие се пастеризирани, без додаток на конзерванси со што гарантираме здрави пијалаци.

Предности:

1. Висококвалитетни производи со краток процес на пастеризација.
2. Здрави овошни сокови, без додаток на конзерванси со максимално задржување на природната арома, витамини, боја и други природни состојки.
3. Амбалажа, според потребите и желбите на нашите купувачи.

Со секој од соковите ВИВА Ви нудиме можност за опуштање и момент на задоволство.
Балансот на состојките е совршено постигнат уште во самото производство, па затоа ВИВА сокот може да се пие во неограничени количества секаде и во секое време. Го консумираат деца и возрасни, стари и млади, едноставно кажано ВИВА соковите се за сите возрасти.

Facebook фан страницата на Вива Сокови е наменета исклучиво за рекламни цели на ДППУ ВИВАКС и не е одговорна за содржините кои се поставени од страна на фановите на истата.
Коментарите, мислењата како и сите материјали, но и оние содржини со навредлив карактер кои ги поставуваат фановите на Facebook фан страницата на Вива го застапуваат само личното мислење на поединците, а по никој основ ставот на компанијата, и според тоа, тие поединци се одговорни за поставувањето на горенаведените содржини.
ДППУ ВИВАКС го задржува полното право без претходно известување да го отстрани оној материјал од Facebook фан страницата на Вива кој ќе го оцени за навредлив за фановите на страницата на било кој начин (врз основа на пол, раса, економски статус или пак политичка определба).
ДППУ ВИВАКС може да прибира, обработува, користи и чува лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци, и во согласност со oстанатите прописи на Република Македонија. Сите лични податоци од профилите на корисниците на никаков начин и за никаква цел нема да бидат искористени вклучувајќи статистички или пак маркетешки цели на ДППУ ВИВАКС.

    Commercial & Industrial, Food & Beverage Company

   +389 2 2440-303

   viva.com.mk

      Facebook page

      Перо Наков бр. 21, Skopje, Macedonia

Leave a comment


Other in the area



"Find your restaurant in one click"